Соопштенија

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу обвинителствата за гонење на организиран криминал и корупција на Р.С.Македонија и Р.Албанија

Денеска Основната јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска оствари работна средба со својот албански колега Главен специјален обвинител во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал Арбен Краја.

По плодната дискусија во врска со подобрување и унапредување на билатералната соработка во борба против организираниот криминал и корупцијата, двајцата обвинители водени од принципите на еднаквост, меѓусебно разбирање и заемни интереси потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу обвинителствата со кои раководат.

Со Меморандумот обвинителствата се обврзаа во рамките на своите надлежности и согласно европското законодавство и законодавствата на Р.С.Македонија и Р.Албанија да ги зајакнат меѓуинституционалните односи во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Воедно, обвинителите се договорија да соработуваат преку размена на информации и документи поврзани со нивниот делокруг на работа, советување за општи правни прашања поврзани со заемната правна помош и меѓусебни посети со цел подобрување на знаењето и зајакнување на вештините на јавните обвинители од двете обвинителства.