Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Селце, осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 22 март во Ресен осомничениот бил затекнат со 745 грама наркотична дрога – марихуана, кои претходно неовластено ги набавил од непознато лице и ги држел со намера да ги препродава.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола поднесе Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и можност да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.