Соопштенија

Поведена постапка против дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за 32-годишен скопјанец, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес на  14 мај 2021 година, службените лица во домот на осомничениот пронашле наркотична дрога – марихуана во количина од 497,6 грама и дигитална вага на која има утврдено присуство на кокаин и тетрахидроканабинол – психоактивна компонента што го содржи растението Cannabis.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.