Соопштенија

Поведена постапка против едно лице за непочитување на полицискиот час во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 31-годишен жител на селото Ѓурчевиште за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предлага на Основниот суд во Гостивар да определи парична казна за лицето кое на 14 април било затекнато при непочитување на полицискиот час. За време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот без дозвола се движел надвор од неговиот дом.​