Соопштенија

Поведена постапка за четири лица од Штип

Основното jaвно обвинителство Штип поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети во одделни кривично правни настани пеш се движеле низ градот иако во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија за да се сузбие ширењето на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот.

Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност. ​