Соопштенија

Поведена постапка за непостапување според здравствени прописи за четири физички и четири правни лица во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против четири физички и четири правни лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Физичките лица, како управители на различни угостителски објекти, не постапиле согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија за спречување и сузбивање на заразната болест предизвикана од COVID 19, па во одделни кривично правни настани послужувале гости спротивно на  мерките, односно дозволиле на маса да седат четворица иако не се членови на едно семејство, послужувале гости во внатрешен дел од угостителските објекти, како  и бидејќи работеле по 22.00 часот, иако било воведено ограничување на работното време.

Со поднесените предлози за издавање казнени налози, обвинителството од Судот за сторителите побара да им биде изречена парична казна и тоа, за обвинетите физички лица – управители во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од 30 евра во денарска противвредност, а за секое од  правните лица – угостителски објекти парична казна  во висина од 5000 евра во денарска противвредност