Соопштенија

Поведена постапка за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на битолско село, за сторено кривично дело –  Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Истовремено, јавниот обвинител до Основниот суд Битола поднесе Предлог за определување притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат дека постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и дека постои опасност тој да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола го прифати предлогот и со решение определи притвор за осомниченото лице во траење од 30 дена.

Обвинителството поведе постапка поради основано сомневање дека осомничениот на 23.06.2020 година во претпладневните часови, ги искористил блиските роднински врски со детето и стекнатата доверба  и  извршил друго полово дејствие врз детето кое не наполнило 14 години. ​