Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице жител на село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 24-годишен жител на Гостивар, на 31 август набавил и држел 6,58 грама наркотична дрога марихуана. При извршен личен претрес од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гостивар, наркотичната дрога била пронајдена и одземена.
Ценејќи дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице, надлежниот обвинител достави Предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар . Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.