Соопштенија

Поведена постапка заради тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен државјанин на Република Албанија поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 13 мај 2021 година, околу 15.30 часот во с. Гнеотино кај м.в. Чаир, физички нападнал едно лице удирајќи го со стап по главата. Од ударите кај оштетениот настапила тешка телесна повреда.

Јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице со цел обезбедување на непречено одвивање на постапката. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.