Соопштенија

Поведена постапка заради тешки дела против безбедноста во сообраќајот

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против скопјанец на возраст од 27 години за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот  во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 24 јули 2021 година, управувајќи патничко моторно возило Дачија Сандеро не се придржувал кон прописите со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Тој под дејство на алкохол од 1.14 грам промили, возејќи по улица во село Теранци, околу 17:50 часот, навлегол во левата коловозна лента наменета за движење на возила од спротивен правец, по што удрил во лице кое управувало мопед. Од ударот возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело и особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка, на предлог на  јавниот обвинител, Основниот суд Кочани со Решение на осомничениот  му определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – Привремено одземање на патна исправа. ​