Соопштенија

Поведена постапка заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против државјанин на Република Албанија поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање  во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичнот законик.

При претрес извршен на 30.10.2020 година, во близина на магистралниот пат, во правец од Ќафасан кон Струга, кај м.в. Василев дол, во торбица кај осомничениот биле пронајдени 14.875,05 грама наркотична дрога – марихуана, која тој ја држел неовластено заради продажба.

Јавниот обвинител по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка , до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.