Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 29 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите, во периодот од 14 до 20 април, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време на полицискиот час , со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.
Надлежното обвинителство на Основниот суд Струмица му предложи да изрече парична казна за секој од обвинетите во износ од 50 дневни глоби од по 10 евра.