Соопштенија

Предлог за парични казни за 14 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 14 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. За време на полицискиот час тие без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.