Соопштенија

Предложен казнен налог за повреда на угледот на поранешната амбасадорка на САД

Основното јавно обвинителство Тeтово до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава по член 181 од Кривичниот законик.

Со коментар со вулгарна и навредувачка содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12.04.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјава и на тој начин го сторил кривичното дело.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Тетово да му изрече на обвинетиот парична казна од 100 дневни глоби.