Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 55 години од селото Здуње, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
На 30 јули, по вербална расправија меѓу две семејства на терасата на една пекарница во Гостивар, настанала физичка пресметка, во која осомничениот извадил нож и лишил од живот едно лице, нанесувајќи му убод во левиот бут. Убодната рана резултирала со обилно крварење кај оштетениот и тој починал.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори делото.