Соопштенија

Предложена казна за прекршување на полицискиот час во Дебар

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице  за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 30 март, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на полицискиот час пеш се движел низ Дебар.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог со кој побара на лицето да му биде определена парична казна од 10 до 100 дневни глоби. ​