Соопштенија

Предложена парична казна за непочитување на здравствените прописи во Гостивар

Гостиварското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот  не го почитувал важечкиот полициски час и за време на забраната определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се движел  без да поседува соодветна дозвола.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Гостивар на обвинетиот  да му определи парична казна од  100 дневни глоби.