Соопштенија

Предложени глоби за осуммина заради непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени акти против 8 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Лицата биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола, со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Предложената казна за секој од обвинетите е 100 дневни глоби, при што Јавното обвинителство предлага висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.