Соопштенија

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Тројца од обвинетите во селото Побожје, а еден во Бутел биле затекнати додека не го почитувале полицискиот час. За време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест, без дозвола се движеле надвор од нивните домови.

Надлежните јавни обвинители за обвинетите предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра​.