Соопштенија

Предлози за казнени налози за четворица во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни кривично правни настани, го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството му предложи на Судот да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, во денарска противвредност.​