Соопштенија

Притвор за дилер од Тетово

Основното јавно обвинитетслво Тетово поведе истражна постапка и до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против 33-годишен жител на с. Доброште, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Кај осомничениот на 6 јули 2021 година, при извршен претрес, овластени службени лица пронашле вкупно 4,71 грам наркотична дрога – кокаин. Дрогата била спакувана во 13 мали полиетиленски пакувања, ставени во пластична кутија и подготвени за продажба. Осомничениот бил пресретнат од полицаските службеници пред неговиот дом, се обидел да ја фрли пластичната кутија со дрогата во неа, но бил совладан, а дрогата е одземена со потврда за привремено одземени предмети.

Предлогот за притвор на обвинителството беше прифатен од Основниот суд Тетово, кој со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.