Соопштенија

Шеесетгодишник обвинет за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт потив 60-годишно лице за сторено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, жител на село Миладиновци, на 3 февруари, на улицата „Беровска“  во Скопје, вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.

Јавниот обвинител имајќи ја предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, заедно со обвинението до надлежниот суд достави и Предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.

Едновремено, обвинитеството согласно Законот за кривична постапка и Законот за правда на децата, до Судот достави и Предлог за определување на мерки на процесна заштита и тоа: исклучување на јавноста и заштита на приватноста на детето и неговото семејство.