Битолското обвинителство поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека го извршило кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Крвичниот законик. Едновремено со Наредбата за спроведување истражна постапка, до Основниот суд Битола обвинителството поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот, па со Решение на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Осомничениот ги искористил приликите како близок роднина на жртвата – дете и на 7 април 2020 година го сторил кривичното дело кое му се става на товар.