Соопштенија

Притвор за син кој ја уби сопствената мајка во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Селце, кој при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот сопствената мајка.

На 8 април, во дворот на семејната куќа во која живееле, без повод и причина, осомничениот ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира. Со ваквото дејствие тој сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.