Соопштенија

Притвори за дилери на дрога во Тетово и Гевгелија

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 45 години за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 8 ноември, во Мала Речица, осомничениот како совозач во автомобил држел 41,5 грама наркотична дрога кокаин, наменета за препродажба.

Во Гевгелија пак, јавниот обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка за истото кривично дело против лице кое на паркинг просторот пред неовластено заради продажба држело наркотична дрога хероин спакувана во 23-дваесет и три најлонски омоти во зелена боја со количина од 3.47 грама, подготвени за неовластена продажба.

За двајцата осомничени, јавните обвинители до надлежните судови доставија предлози за определување мерка притвор.