Соопштенија

Работна средба со претставници на синдикатот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска одржа работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РСМ на која се говореше за подобрување на условите за работа на вработените во јавните обвинителства. Висината на платите и додатоците  за јавно обвинителските службеници, можностите за нивно унапредување и за признавање на стекнатото образование, пополнување на испразнетите работни места, како и други прашања од интерес на јавнообвинителските службеници беа теми за кои стана збор на средбата.

Љубомир Јовески ги истакна заложбата на обвинителството во рамки на Буџетот на обвинителството да се создадат услови за подобрување на состојбата на јавнообвинителските службеници, како и  редовната комуникација со Министерството за правда каде се бара носење на нови законски решенија со кои уште повеќе би се подобриле и зголемиле правата на вработените.