Соопштенија

Работни средби во обвинителствата во Охрид и Струга

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески оствари одделни средби со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Охрид и од Основното јавно обвинителство Струга.

Тема на двете работни средби беа тековните прашања и проблемите со кои се соочуваат јавните обвинители од овие обвинителства во текот на работењето.

На средбата со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Охрид стана збор за подобрување на ефикасноста во постапувањето и мерките кои во таа насока треба да се преземат.

На средбата во Основното јавно обвинителство Струга, Јовески ја нагласи важноста на самостојноста и одговорноста во постапувањето на јавните обвинители.

Одржаните средби во двете обвинителства се дел од активностите за унапредување на состојбите во обвинителството кои ги презема Јавниот обвинител на Република Македонија.