Соопштенија

Ресенското обвинителство обвини 12 лица за непостапување според здравствените прописи

Обвинетите на 22.05.2020 година, вo 23:50 часот, во с.Долна Бела Црква – Општина Ресен, за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот директор на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија сметано од 18.03.2020 година, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно одлуките за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.  Тие за време на полициски час биле затекнати од полициски службеници од ОВР – Ресен пред продавница во с.Долна Бела Црква, без да поседуваат дозволи за движење.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот закоик, обвинителството поднесе предлози за издавање казнени налози со кои на Основниот суд Ресен му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.