Вчера, околу 18 часот пронајдено е починато машко лице на средина на коловозот на регионалниот пат Велес – Градско. По идентификацијата е утврдено дека починатото лице е Д.В. , триесет и тригодишен жител на с. Аџиматово, општина Лозово.
Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место при што се пронајдени траги кои се дадени на натамошно вештачење. Надлежен јавен обвинител издаде и наредба за вршење на обдукција на телото на починатиот.