Соопштенија

Шпански државјанин обвинет за поседување дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, 35-годишен шпански државјанин со престојувалиште во Скопје, на 28 октомври, на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, во внатрешниот лев џеб на јакната заради продажба неовластено држел едно полиетиленско пакување наркотична дрога – хероин во вкупна нето маса од 10,39 грама и две полиетиленски пакувања наркотична дрога – кокаин во вкупна нето маса од 0,70 грама. Дрогата била пронајдена и одземена при рутинска контрола и личен претрес на осомниченото лице.

Јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.