Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата.
Со овие дејствија сите обвинети во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Штип со поднесувањето на предлозите за издавање на казнени налози за сите обвинети, на надлежниот суд му предложи, за петмина од нив да изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, секоја од нив во вредност од 10 евра во денарска противвредност. За 11 лица кои обвинителството ги товари за истото кривично дело е побарана парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.