Соопштенија

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификувана исправа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 55-годишник од Скопје со место на живеење во Истанбул, за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 14 мај, при излез од Република Северна Македонија преку граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје прикажал лажна исправа – фалсификуван сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не му е издаден, тој лажната исправа ја употребил како вистинита, со што го сторил наведеното дело.​