Соопштенија

Скопјанец обвинет за недозволено држење оружје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 11.04.2019 година, при претрес во домот во кој престојувало лицето на улица „Лазар Трпков“ во Скопје, било пронајдено огнено оружје – два пиштоли со калибар од 7,62 X 25 мм, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар.

До Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.