Соопштенија

Скопјанец осомничен за разбојништво во банка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 4 јуни, осомничениот влегол во филијала на банка на улицата “Бојмија” во Скопје и со сериозна закана и употреба на огнено оружје – пиштол, загрозувајќи го животот и телото на двајца вработени во банката, одзел 2.628.901,55 денари со намера противправно да ги присвои.

Веднаш побегнал од местото. По неговото пронаоѓање и лишување од слобода, пронајдени се и парите и тие се вратени на банката.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.