Соопштенија

Со возила и пеш се движеле за време на полицискиот час во Радовиш

Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забрани движење на територијата на државата во определени временски периоди.

Обвинителството на Судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во износ од по 5 евра.