Соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со Катица Јанева, Јавен обвинител на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

На состанокот стана збор за Начелното правно мислење донесено на општа седница на Врховниот суд на Република Македонија со кое е утврдено дека „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност…“

На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во тој контекст, Јовески и Јанева се согласија дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи согласно позитивните законски прописи.