Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска го прими во посета Армен Григоријан, шеф на мисијата на УНДП во земјава.
На средбата разговараа за досегашната соработка и за плановите и можностите за нејзино проширување во повеќе области.
Мисијата на УНДП е фокусирана на поддршка на активностите за транзициска правда, социјална кохезија и јакнење на капацитетите на јавните обвинителства во целиот регионот. Во рамките на тие активности годинава ќе го поддржи Јавното обвинителство на РСМ како домаќин за организација на регионална конференција на јавни обвинители во Скопје.