Настани, Соопштенија

Средба Коцевски-Вал

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје, со кого разговараше за сите аспекти на меѓусебната соработка, пред се опфатени со Меморандумот за разбирање за заеднички проектни активности на Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ.

Амбасадорот Вал му честиташе на јавниот обвинител Коцевски за изборот на функцијата и најави дека Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи со поддршката за обвинителството во сите клучни области. Двајцата ја анализираа имплементацијата на Протоколот за соработка со МВР кој беше потпишан со посредство на Мисијата на ОБСЕ, како и активностите за јакнење на транспарентноста на Јавното обвинителство кои што исто така се реализираат со нивна поддршка.

Амбасадорот Вал изрази интерес за проценките околу ефектите предизвикани од последните измени на Кривичниот законик врз предметите за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба, како и за начинот на функционирање на истражните центри во обвинителствата.