Настани, Соопштенија

Средба на јавните обвинители Хајрулахи и Бубевски со директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија

По иницијатива на директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија Илбер Села, се одржа работна средба помеѓу Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и претставници на Агенцијата.

На средбата се разговараше за примена на одредбите од Законот за употреба на јазиците во јавните обвинителства и за предизвиците во неговата имплементација особено од аспект на недоволната кадровска екипираност за превод и лекторирање на службените акти. Во таа насока беа договорени активностите кои треба да се преземат заради надминување на ваквата состојба и овозможување на непречено функционирање на овие две обвинителства.