Настани, Соопштенија

Средба на Јовески со Бомгартнер и Дибост

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска се сретна со францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер и со судијата за врски за регионот на Југоисточна Европа Фредерика Дибост.

На средбата се разговараше за активностите на Јавното обвинителство по отпочнувањето на примената на новиот Закон за јавното обвинителство, за планираните измени во Законот за кривична постапка, како и за примената на Стратегијата за човечки ресурси во Јавното обвинителство.

Притоа, Бомгартнер и Дибост ги најавија плановите за организација на регионални семинари кои треба да помогнат за унапредување на соработката меѓу јавните обвинителства од регионот во областите на заплената на незаконски стекнат имот од трговија со наркотици и превенција и борба против корупција.

Јовески, од своја страна, информираше за состојбите во Јавното обвинителство и ги поздрави иницијативите за размена на добри практики меѓу земјите во регионот и Франција.