Соопштенија

Тетовското обвинителство поведе постапка за 14 лица

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 14 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале одлуките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забрани движењето на населението на целата територија на државата. Тие за време на викендот, кога во сила бил  полицискиот час, без дозвола, пеш или со возило  се движеле низ градот и околината.

За  обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби.