Соопштенија

Увид на местото на насилна смрт на жена во Драчево

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје раководи со увидот на лице место во скопско Драчево, каде што доцна попладнево беше пронајдено безживотно тело на 66-годишна жена. Според првичните информации, станува збор за насилна смрт, а извршителот сам се пријавил и е задржан во полициска станица. Станува збор за момче на возраст од 20 години, внук на починатата.

По наредба на јавниот обвинител во моментов се подигаат материјални траги пронајдени на лице место, а телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.