Соопштенија

Увид на местото на сообраќајна незгода меѓу два автобуса во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу 2 автобуса.

Според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.

Дежурниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење. Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата.​