Соопштенија

Велешкото обвинителство побара парични казни за девет лица

Основното јавно обвинителство Велес денеска поднесе предлози за издавање казнен налог против 9 лица осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите го прекршиле полицискиот час, па биле затекнати како се движат на различни локации, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Јавниот обвинител предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби, а износот на една дневна глоба да биде определен на 20 евра во денарска противвредност.