Настани, Соопштенија

Високиот инспектор за правда на Република Албанија на средби во Јавното обвинителство

Високиот инспектор за правда на Република Албанија Артур Метани денеска беше во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, каде се сретна со јавните обвинители во државното обвинителство Џељаљ Бајрами и Соња Симовска.

На средбата, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Албанија во земјава Фатос Река, се разговараше за организацијата на јавнообвинителските структури во двете земји, со посебен фокус на размената на искуствата за организацијата на системите за надзор над работата и за утврдување дисциплинска одговорност на јавните обвинители.

Иако системите за одговорност и контрола во двете земји се разликуваат, присутните нагласија дека најважно е тие системи ефикасно да функционираат и да се избегне секакво влијание врз постапките.

Во рамките на посетата на Скопје, во текот на вчерашниот ден, Метани оствари средба и со претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели.