Соопштенија

Во Берово постапка против едно лице заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Берово денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, кое на 10 мај ја прекршило забраната за движење, со што сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, за време на забраната за движење, без да поседува дозвола се движел со патничко моторно возило, при што бил забележан од страна на овластени полициски службеници.

Обвинителството на Судот му предложи за лицето да изрече парична казна од 50 дневни глоби од по 10 евра во денарска противвредност.