Соопштенија

Во Куманово обвинети се тројца за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1000 евра во денарска потиввредност,  за три лица, жители на Куманово, кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле низ Куманово. ​