Соопштенија

Во тек увид за оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи вечерва врши увид на лице место во угостителски објект во кој во оружен инцидент убиени се две лица, додека едно е повредено.

Според првичните информации, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на лице место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош.

Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите.