Соопштенија

Во Тетово петмина обвинети за непочитување на полицискиот час

Oсновното јавно обвинителство Тетово,  поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одвоени случаи, биле затекнати како се движат во градот за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Јавниот обвинител на Основниот суд Тетово му предложи на лицата да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби.