Соопштенија

Во Велес обвинети седум лица за непостапување според здравствени прописи

Велешкото обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите лица за време на викендот, додека е во сила Одлуката за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија од 16 до 5 часот наредниот ден, пеш или со возила во одделни кривично правни настани се движеле низ Велес.

Предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.​